Кога имате потреба од комуникација со некој што не го зборува истиот јазик како Вас, тогаш, најверојатно, ќе имате потреба од толкувачки услуги.

Јазичното интерпретирање или толкување е интелектуална активност на поедноставна комуникација со говорениот јазик или јазикот на знаци, и тоа симултано и консекутивно меѓу две или повеќе употребени јазици.

Толкувањето претставува исклучиво усна комуникација. Тоа не треба да се меша со преведувањето, коешто се однесува на пишаната комуникација. Кога станува збор за начините на толкување, ние го нудиме следново:
СИМУЛТАНО ТОЛКУВАЊЕ  

Tолкување во моментот додека говорникот зборува.
Толкувачот работи во кабина со најмалку еден колега. Говорникот во салата за состаноци зборува на микрофон, толкувачот го слуша говорот преку слушалки и ја пренесува пораката преку друг микрофон речиси истовремено. Учесниците во салата за состаноци го избираат соодветниот канал за да го слушаат толкувањето на јазик по свој избор.

Симултаното толкување, најчесто се користи за големи конференции или состаноци. За толкувањето е потребна соодветна опрема како на пример микрофони, слушалки и кабини со звучна изолација.
КОНСЕКУТИВНО ТОЛКУВАЊЕ

Tолкување откако говорникот ќе заврши со зборување.
Исто така познато и како толкување „лице в лице“, овој начин на толкување обично се користи за деловни состаноци, преговори, технички семинари, состаноци на комисии/одбори, работилници итн. Толкувачот седи со учесниците, слуша што зборуваат, го запишува тоа на потребниот јазик, најчесто со помош на забелешки и на крај го пренесува усно.
Нашите толкувачи ќе бидат Вашите уши и уста и ќе Ви помогнат да ја пренесете Вашата порака без напор. Вашите потреби се наш приоритет, и токму поради тоа нашите толкувачи секогаш внимателно се подготвуваат според доставените материјали со цел нивната изведба да биде безгрешна.