Англиски
Германски
Француски
Курсеви за деца од 4-6 години

За курсот:Часовите за децата од предучилишна возраст се одвиваат во простории кои се целосно прилагодени за нивните години.Во наставата се користат најсовремените методи за изучување странски јазик, имајќи ја предвид возраста, потребите, и социјалниот развој на нашите најмали ученици. Често се припремаат настани каде што децата и наставниците покажуваат пред родителите што научиле.
Времетраење на курсот:8 месеци, односно 32 недели. За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршува еден степен.
Настава:Два пати неделно по 45 минути, во работни денови.
Курсеви за основци

За курсот:Програмата се одвива во мали групи со цел секој ученик да го добие потребното внимание. Нашиот наставен тим користи посебни методи на предавање кои им помагаат на децата да ги развијат јазичните вештини кои соодветствуваат на нивната возраст. Ги мотивираме дечињата да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност.
Времетраење на курсот:9 месеци, односно 36 недели. За една учебна година од 3 септември до 15 јуни се завршува еден степен.
Настава:Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.
Курсеви за средношколци

За курсот:Организираме курсеви за средношколци со цел надоградување на нивните знаења. Наставата се одвива со теми кои се прилагодливи за нивната возраст. Граматиката се учи преку посебна, докажано добра програма која е едноставна и разбирлива за сите нив.
Времетраење на курсот:9 месеци, односно 36 недели. За една учебна година од 3 септември до 15 јуни се завршува еден степен.
Настава:Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.
Курсеви за возрасни

Часовите се посебно прилагодени за возрасните слушатели и се исполнети со внимателно конципирани тематски единици поделени на 6 дела: граматика, зборовен фонд, слушање, изговор, пишување и зборување. Со помош на овие курсеви слушателот ќе ги подобри јазичните способности, ќе ги совлада тешкотиите при усното изразување, ќе се запознае со културата на земјата чиј што јазик изучува и ќе може повеќе да напредува во својата кариера.
СТАНДАРДЕН

Времетраење на курсот:16 недели
За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршуваат два степени.
Настава:
Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.
ИНТЕНЗИВЕН А

Времетраење на курсот:12 недели
За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршуваат три степени.
Настава:Два пати неделно по 90 минути, во работни денови.
ИНТЕНЗИВЕН Б

Времетраење на курсот:6 недели
За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршуваат четири степени.
Настава:Три пати неделно по 90 минути, во работни денови.